Удавено лице во близина на брегот на Црна Река кај селото Шивец, Кавадарци било пронајдено денеска околу 11:30 минути.

МВР попладнево ја потврди оваа информација за МИА.

– Излезено е на лице место и узвршен е увид од страна на увидна екипа од ОВР Кавадарци, јавен обвинител и доктор од ЈЗУ Општа болница. Притоа е утврдено дека се работи за лицето Г.М. од село Шивец, родено 1946 година. Од увидот на телото од давеникот, не се пронајдени траги на насилство, рекоа од МВР за МИА.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2020 01:30