Асоцијацијата на финансиски друштва на Македонија (АФД) денеска на ZOOM платформата ќе одржи презентација на резултатите од годишното истражување на пазарот на финансиски друштва во Република Македонија.

На настанот, обраќање ќе имаат Јана Никодиновска – генерален секретар на АФД, Маја Кадиевска – Војновиќ, финансиски експерт, поранешен вицегувернер задолжен за операции на финансиски пазари и платни системи, предавач на Универзитетот Американ Колеџ Скопје и Филип Димитровски – претседател на АФД.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2020 10:54