Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки, меѓу кои 25 за возење без возачка дозвола, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 мерки за некористење на сигурносен појас, 11 за претовар, 7 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 6 прекршоци што ги чинат пешаците, 68 мерки за непрописно паркирање и 47 возила се подигнати со „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 44 санкции.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.