Компанијата „Моци џуелри“ од Санкт Петербург, Русија, создаде луксузна заштитна маска за оние со подлабок џеб и префинет, скап вкус. Станува збор за маска за лице изработена од 450 грама бело злато, а покриена со дијаманти…

Основачот и креативен директор на компанијата, Дмитриј Кузњецов покажа како изгледа овој ексклузивен дизајн. Тој рече дека ја дизајнирал маската за време на првиот бран на пандемијата на коронавирусот.

Кузњецов вели дека компанијата првично не очекувала да најде купувач за производот. Но, на нивно изненадување, откако маската беше претставена пред јавноста, еден приватен колекционер веднаш се јавил како заинтересиран.

– За да ја одбележам оваа „посебна“ година, решив да дизајнирам маска што ќе потсетува на овој настан. Создадов нешто занимливо и нешто што ќе остане. Ова не е само маска со филтер, вели дизајнерот.

Цената изнесува 110.000 евра. Маската е украсена со 3.750 дијаманти и е со вкупна тежина од 500 грама.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/12/2020 16:34