Премиерот Зоран Заев во интервју за радио Канал 77 го оцени како конструктивен настапот на министерот за одбрана на Република Бугарија Красимир Каракачанов за време на интервјуто на овој медиум и го поздрави речникот на пријателство во неговите одговори.

Премиерот Заев истакна дека од разговорот е видливо дека министерот Каракачанов нема проблем да го прифати фактот за постоењето за македонскиот јазик и за македонскиот народ.

-Ние остануваме подготвени во духот на пријателство да ги градиме меѓусебните односи меѓу Бугарија и Македонија и да ја градиме нашата заедничка иднина. Искрено се надевам дек уште постојат шанси да се прифати преговарачката рамка и да се одржи првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ. Тимовите на двете министерства за надворешни работи интензивно разговараат и сметам дека патоказот за кој се дебатира е одлична основа за да остане вратата отворена за решавање на прашањата што се најдоа на патот на европските интеграции на Македонија, рече Заев во интервјуто за Канал 77.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2020 16:40