Откако денеска беше во посета на Здравствениот дом во Штип, попладнево претседателот на комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипчеод Штип, во онлајн обраќањето до граѓаните истакна дека нема ниту еден подобар начин човек покаже и докаже дека се вложил себе, од спасување човечки животи.

– Резултатот на доктор Сашко Николов е илјадници спасени животи, и тоа на врвен начин со ниво на експертиза што се спроведува во европски и светски центри, тоа е најдобриот начин да излезе меѓу граѓаните и да го побара гласот, бидејќи неговиот влог дал резултат, нагласи Филипче.

Во врска со однесувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Филипче рече дека е апсолутно нерационално и апсурдно, организираат протести на кои не ги почитуваат мерките за заштита, а не одат на избори, наводно поради пандемијата.

– Што да се каже за луѓе на кои во потсвеста им стои името на премиерот Зоран Заев, ги оптеретува, со тоа се будат и заспиваат и свесни се дека прават нешто што не треба. Ако опозицијата не го кочеше заемот од Светска банка, сега наместо една модуларна болница, кај Инфективната клиника, ќе имавме 16 опремени модуларни болници, сега ќе бевме спремни, пациентите со ковид ќе беа сместени надвор од болниците, за сегашните болници да останат за другите пациенти, рече Филипче, нагласувајќи дека во брза динамика ќе се реализира нивно поставување.

Во своето обраќање, Филипче ги повика граѓаните на Штип на 13 декември да излезат на избори кои ќе бидат целосно безбедни по јавното здравје и својот глас да го дадат за Сашко Николов.

Инаку, за потсетување, додека министерот тера политики и на терен и на социјалните мрежи и во фокус му е однесувањето на опозицијата, во Македонија во последните 24 часа се регстрирани 984 нови случаи на Ковид и 24 починати пациенти, односно од почетоко на кризата вкупно се регистрирани над 67.000 заразени пациенти што е речиси за 35 пати промашување на неговите прогнози кога на почетокот, предизборно, ја смируваше јавноста дека во Македонија ќе има меѓу 2.000 и 2.500 заразени пациенти.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2020 22:10