На 04.12.2020 во 10.40 часот во с.Доброште, тетовско, полициски службеници со судска наредба го привеле Д.И.(31) од истото село, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Денеска, пак, во 10.20 часот во с.Голема Речица, тетовско, од полициски службеници со судска наредба бил приведен И.Ш.(51) од истото село, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „кражба“. Д.И. и И.Ш. биле спроведени во Казнено-поправната установа Затвор Тетово во Тетово, за издржување на казните.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2020 14:49