На граничниот премин Богородица вчера во товарно возило со црногорски национални ознаки се откриени 12 мигранти, шест од Сирија и шест од Авганистан, меѓу кои и едно дете.

Како што сопшти МВР, настанот се случил вчера во 08.30 часот, кога возачот на товарното возило П.В.(34) од Црна Гора, пријавил дека во приколката слушнал гласови. По извршени проверки биле откриени 12-те илегални мигранти

Мигрантите се предадени за понатамошна постапка во Прифатниот транзитен центар-Гевгелија.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2020 22:49