Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои 23 за возење без возачка дозвола, 16 за нерегистрирани возила, 7 за технички неисправни возила за јавен превоз, 16 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило, 11 за некористење сигурносен појас. Изречени се и 11 мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 46 за непрописно паркирање, 14 возила се подигнати со „пајак“, 14 санкции за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.