Секторот туризам и угостителство треба да работи и во недела имајќи во предвид дека сакаме да го зголемиме туризмот во нашата држава и да привлечеме што е можно поголем број на странски туристи, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-Согласно Законот за трговија и Законот за туристичка дејност и угостителство ние ги пративме нашите предлози, анализи и компаративни анализи кои сме ги направиле со соседните држави, но и со државите од Европската Унија. Имајќи во предвид дека сакаме да го зголемиме туризмот во нашата држава и да привлечеме што е можно поголем број на странски туристи секако дека Секторот туризам и угостителство треба да работи и во недела, а за трговијата, посебно кај големопродажбата би можеле да направиме промени, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Тој нагласи дека првично треба да се направат консултации со стопанските комори.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2020 14:42