Предизвиците од заразната болест Ковид-19, уште еднаш го потврдија значењето на синдикалниот слоган- солидарноста пред се, но ја потенцираа и потребата од заедничка акција и делување на сите субјекти во земјава за работниците и граѓаните да се чувствуваат слободни, еднакви и сигурни, велат од Сојузот на синдикатите на Македонија по повод меѓународен ден на човековите права.

Во соопштението се наведува дека почитувањето на човековите слободи и владеење на правото се уредени и загарантирани со Уставот на Република Македонија, а дека со тоа државава влегува во редот на земји кои функционираат во услови на политичка демократија.

– Човековите права и слободи се основа на правдата и мирот во светот, а работничките права се најважен и неизоставен дел од нив. Заштитата и унапредувањето на работничките права се обврска и статутарна определба на Сојузот на синдикатите на Македонија која континуирано се спроведува, нагласува ССМ.

Според Сојузот, потребно е да се засилат активностите на Владата кои ССМ како репрезентативен синдикат ќе ги поддржи и унапреди на планот на обезбедување на довербата на работниците и граѓаните во државата, како чувар и заштитник на човековите права



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2020 16:04