Луѓето на 21 декември ќе може да бидат сведоци на ретка астрономска појава – „Божиќната ѕвезда“. Тоа се случува првпат по 800 години…

Притоа, на небото Јупитер и Сатурн ќе бидат толку блиску еден до друг, така што ќе изгледа како да се судираат.

– Порамнувањата меѓу овие две планети е прилично ретко, и тие се случуваат еднаш на 20 години или така некако, но оваа појава е уште поретка оти планетите ќе изгледаат споени во една, двојна ѕвезда, рече Патрик Хартиган, астроном од Универзитетот Рајс во Хјустон, Тексас, САД.

Тоа последен пат се случило во март 1224 година.

Според Евангелието по Матеј, „Божиќната ѕвезда“ ги донела тројцата мудреци во Витлеем, каде што се родил Исус… Така, некои познавачи сметаат дека ѕвездата од преданието, веројатно, бил всушност – овој спој меѓу Јупитер и Сатурн.

Следната слична заемна положба ќе се случи на 15 март 2080 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/12/2020 12:57