На предлог на Министерството за надворешни работи, Владата на денешната 28-мата седница донесе Одлуката за предвремена примена на Спогодбата за партнерство, трговија и соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Со оваа спогодба, соопштуваат од владината прес-служба, се обезбедува целосен континуитет на трговските односи меѓу двете држави, на начин и во обем кој тековно се реализира преку Спогодбата за стабилизација и асоцијација, откако после Брегзит Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска нема да е обврзана со договорите на Европската Унија.