Во саботата (12.12) започна со работа новиот Супер Тинекс маркет во населбата Аеродром, кој се наоѓа во непосредна близина на Клиниката Маjчин дом, на бул. Јане Сандански бр.13.

Жителите на општина Аеродром отсега ќе имаат уште еден нов, модерен и добро-снабден маркет каде ќе можат да пазарат во пријатна атмосфера и да ги купат бараните производи, по достапни цени.

Супермаркетот Тинекс Мајчин дом располага со вкупна површина од 969м2 и е опремен со повеќе различни содржини како модерна пиљара, месарница за свежо месо и сувомесно и млечни деликатеси, пекара, винарија со голем избор на пијалаци и уште многу други содржини.

Преку отворањето на маркетот Тинекс обезбеди 30 нови работни места, со што се придонесува и за намалување на невработеноста во услови на глобална пандемија.

По повод отворањето, до 19ти декември, за секоја сметка над 999ден., Тинекс ќе подарува пакет производи во зависност од износот на сметката, а дополнително има многу акции, големи попусти и промоции.

Oтворен нов Супер Тинекс во Аеродром

Oтворен нов Супер Тинекс во Аеродром

Oтворен нов Супер Тинекс во Аеродром


Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2020 13:24