За половина денар поскапуваат Еуросупер БС-95, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, а Еуросупер БС-98 за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно оваа одлука, од полноќ Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 60 денари за литар, дизелот по цена од 53,50 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство 53,50 денари за литар, а новата цена на Еуросупер БС-98 ќе биде 62,00 ден/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,081 ден/кг со што тој во следните седум дена ќе се продава по цена од 28,287 ден/кг.

Зголемувањето на цените на нафтените деривати се должи на поскапувањето на бензините на светските пазари.

Новите цени на нафтените деривати ќе важат во следните седум дена.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2020 15:20