Во октомври годинава се издадени 270 одобренија за градење, што е за 12,3 отсто помалку во однос на истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.804.250 илјади денари, што е за 1,2 отсто повеќе во однос на истиот лански месец.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 172 или 63,7 отсто се наменети за објекти од високоградба, 30 или 11,1 отсто за објекти од нискоградба и 68 или 25,2 отсто за објекти за реконструкција.
Од вкупно 270 објекти, на 174 или 64,4 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 96 или 35,6 отсто објекти инвеститори се деловни субјекти.
Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во извештајниот период е предвидена изградба на 729 станови со вкупна корисна површина од 65.888 квадратни метри.