Стартап Македонија започнува промотивен караван нa дигиталната екосистем плaтформа кој ќе трае од 15 до 19 декември во пет градови од Македонија, најави Игор Маџов ко-основач на Стартап Македонија.

-Дигиталната екосистем платформа започна да се гради пролетта во 2019, за време на минатогодишната ГНП готова беше бета верзијата а, во јули оваа година стартува 2.0 верзијата. Со изградбата на дигиталната старт ап екосистем платформа Стартап Мекдонија на иновативен и дигитален начин го обединува стартап екосистемот со цел да има транспарентен и контиунуиран тек на информации помеѓу стартапите и подржувачите организации како и меѓу самите чинители на екосистемот, вели тој.

Како што објасни Маџов, на самата платформа и претходела анализа на екосистемот, истражувањето покажало дека има јазол помеѓу помошта која стартапите ја добиваат и подршката која тие ја бараат, проблеми и потешкотии при пристап до финасиии, нов пазар, менторство како и поголема агрегација на достапни средства за развој на стартапи во главниот град на Македонија. Преку платформата Стартап Македонија прави исчекор кон демократизација на расположливите средства и инструменти во екосистемот со цел истите да бидат достапни во сите делови од земјата и да можат стартапите кои потекнуваат од другите градови да имаат можности за раст и развој.

- Идејата на дигиталната платформа произлезе од анализата кои моите колеги во Стартап Македонија ја спроведија во 2018. Анализата беше основа, показател во кој правец Стартап Македонија ќе се движи со цел да го развие екосистемот и да креира еден дигитален центар кој ќе биде оска околу кој ќе гравитираат иноватинвите бизниси и оние кои нудат услуги за развој на стартапи, појасни тој.

Дигиталната платформа која веќе брои 120 регистрирани стартапи и 40 подржувачи организации ги поврзува сите учесници на екосистемот и стартап заедницата при што овозможува автоматско поврзување помеѓу стартапите и оние кои нудат услуги за раст на самите стартпи а тоа се подржувачите организации.

Платформата овозможува автоматско поврзување помеѓу стартапот кој бара одредена помош со организацијата/институцијата која ја нуди токму таа помош. Со ова поврзување се надминува јазолот помеѓу видот на помошта која стартапите ја бараат и услугата за развој која организациите ја нудат. На самата платформа исто така има и календар кои ги брои сите настани во екосистемот и воедно сегмент со ажурирани информации и податоци од домашниот екосистем. Со сите овие функционалности платформата дава една дигитална анализа за состојбата на нашиот домашен екосистем.

- X Фактор Акцелератор од Велес е првиот и единствен бизнис акцелератор надвор од Скопје, кој е основан од инвеститори со големо практично искуство во креирање, управување и поддршка на развојот на успешни стартап бизниси. Проектот за негово стартување е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој на Македонија (ФИТР), во соработка со Светска банка, преку инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за воспоставување, работење и инвестиции на деловно - технолошки акцелератори. Седиштето на акцелераторот е во строгиот центар на општина Велес, вели Милан Димитриевски, извршен директор на X Фактор Аксцелератор

Според него целта е да се поттикне и регионалното претприемништво преку раздвижување на стартап сцената и надвор од главниот град.

Со стартот со работа на X Фактор Акцелераторот, Велес се позиционира на мапата на значајни стартап центри во регионот и пошироко.

-Уште од самиот старт на работењето добивме огромна експертска поддршка од страна на Светска Банка преку Фондот за иновации, но и од голем број друг релевантни чинители. Имено, од огромно значење при воспоставувањето на акцелераторот и програмите ни беше поддршката која ја добивме од Стартап Македонија која е “чадор организација”, по примерот на сличните организации во земјите со развиена стартап сцена, ги обединува сите национални стартап чинители. Нејзината улога е од огромно значење за понатамошниот развој и соработка на стартап заедницата кај нас, затоа што само доколку соработуваме заедно, ќе можеме да се надеваме на глобален успех, вели тој.

Според Димитриевски, согласно претходно утврдените критериуми, членовите на Комитетот за одобрување инвестици преку детална длабинска анализа на сите бизнис - идеи, донесоа одлука за инвестирање во два најатрактивни стартапи, за кои се процени дека имаат огромен потенцијал за брз раст на глобално ниво.

-Станува збор за две исклучително атрактивни и иновативни бизнис - идеи, за кои сме убедени дека со заеднички сили (во синергија со основачите), ќе направиме да имаат глобален успех. Првиот стартап е во прехрамбената индустрија, чиј тим преку развој на два иновативни технолошки процеси има креирано два уникатни производи во светски рамки и тоа: сладолед од вино со варијација од 5% до 13.5% вински алкохол (по желба), што има еквивалентен ефект на конзумирање една чаша вино и природен адитив од комиње за разни производи во прехрамбената индустрија. Вториот стартап е во ИТ - секторот. Формиран е како спин - оф компанија на ФЕИТ - Скопје, при што нивниот производ е конкурентен и во споредба со оние кои се развиваат од страна на директните светски конкуренти од Силиконската долина. Станува збор за софтверска платформа (Dynamix Mapper) која создава 3Д мапи со голема прецизност, користејќи state of the art алгоритам за симултана локализација и мапирање (SLAM), спротивно на постоечките и застарени фотограметриски техники, рече тој.

Дел од караванот ќе бидат Битола, Велес, Тетово Гостивар и Струмица. Токму во овие 5 градови Стартап Македонија има партнер организации кои преставуваат локални центри за иновативност и развој на стартапи и со кои континуирано комуницира и соработува со цел сосновачите на старапи да бидат навремено информамирани за тековните инцијативи, отворени повици и индни видови на подршка за развој на своите бизнис идеи.

Настаните ќе се од хибриден карактер каде тимот на Старап Македонија ќе ги посети просториите на ПРЕДА Плус во Битола, X Factor во Велес, SEEUTechPark во Тетово, CoWork во Гостивар и Business Incubator Center & PowerAD во Струмица.

Дигиталната екосистем платформа и караванот се изведени со подршка на долготрајните партнери УСАИД во склоп на проектот за развој на деловниот екосистем.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2020 16:43