Стогодишниот синдикат својата неспособност ја крие со напади на организации и институции! ССМ да прекинат со лаги и манипулации со работниците и да кажат кој е најнискиот износ за исплата на К-15, ако фирмата има деловни потешкотии, реагираше Кристина Ампева од,, Гласен текстилец”-Штип по соопштението на ССМ.
– Работниците знаат многу добро кој ја кажува вистината, а кој крие и дава нецелосни изјави, оти не им одговара. Знаат работниците најдобро колку е износот кој го земаат секоја година, а која е „благодарение“ на ССМ што оставиле врата за манипулации во колективниот договор. Да, К-15 мора да се исплати. И ние тоа го потенцираме. А синдикатот да излезе пред работниците од приватниот сектор зошто е дозволена исплата од 100 денари во име на К-15. Кој го дозволил тоа? Ние сигурно не!, се вели во соопштението од „Гласен текстилец”-Штип.
Во него се наведува декаССМ треба да се погрижат за своите членови кои им плаќаат членарина 30 години, а какошто велат од „Гласен текстилец” К-15 земаат со години во износ од 100 денари и плати од два денари.