Туристичките работници од Охрид апелираат до Владата да се надмине блокадата со Бугарија, оти истата ќе му штети на туризмот во Македонија. Но пред се бараат да се дефинираат црвени линии во преговорите со Софија за да не го изгубиме идентитетот и наследството оти ќе нема со што да им се пофалиме на странците.
- За ова се’ се криви политичарите и еден апел со трезвени глави да се размисли, да се повлечат одредени дебели црвени линии со цел да имаме наследство да имаме со што би се пофалиле на странските посетители,бидејќи сево ова оди во насока на губење на нашиот идентитет, вели за Алфа туристичкиот водич Климент Наумов.