Владата го објави со компании кои добиле помош од државата преку анти-ковид мерките, но парите не им ги исплатиле на работниците.

На списокот се 179 фирми што добиле финансиска поддршка, а не им дале плата на вработените. На списокот може да се забележат и две фирми кои добиле државна помош од 659 денари како и фирми кои добиле помош од 2.000, 3.000 и 5.000 денари.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска вчера најави дека дека секој што го прекршил законот ќе одговара, а инспекторите ќе спроведат дополнителни контроли.

Глобите за компаниите кои добиле средства од државата, но не исплатиле плати на вработените се движат од 500 до 1.000 евра за микро компанија, од 500 до 2.000 евра за мала, од 1.000 до 6.000 евра за средна и од 1.000 до 10.000 евра за голема компанија.

Целиот список може да се погледне на следниов линк.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2020 22:37