Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Развојната банка на Македонија, Кире Наумов денеска ќе информираат за почетокот на поднесувањето на барања за третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, Ковид 3.

Поднесувањето кредитни барања за бескаматна кредитна линија – Ковид 3, почна ноќеска на полноќ, а се реализира со финансиска поддршка од Европска Унија преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата во вкупен износ до 30 милиони евра и со буџетска поддршка во износ од еден милион евра.

Кредитната линија е за микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии чие работење е погодено од КОВИД-19, а се мери преку падот на приходите од најмалку 20%.

Јавниот повик ќе биде отворен за поднесување кредитни барања до 30 декември 2020 година заклучно со 23:59 часот, вкупно 15 дена.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2020 10:30