Тркалезната маса на тема „Берзите во 2020 година- Осврт на локалниот и глобалните пазари“ ќе се одржи денеска во организација на Македонска берза.
На тркалезната маса ќе се дискутира за случувањата на Македонска берза во 2020 година и основните тековни карактеристики на локалниот пазар, глобалните финансиски пазари, со акцент на пазарите на акции, во услови на специфичното COVID-19 окружување измината година и очекувањата, ризиците, потенцијалите и генерални прогнози за идните движења на локалниот и глобалните пазари.
Настанот, како што најавува организаторот, ќе го отвори министерот за финансии Фатмир Бесими.