Независната угостителска комора (НУК) денеска ќе поднесе Иницијатива за оценување на уставноста и/или законитоста на измените и дооплнувањата на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита од КОВИД-19 со кои се ограничува работата на угостителските објекти до 18 часот.

НУК по овој повод за 12:30 часот најавува прес-конференција пред Уставниот суд во Скопје.

-Почнуваме да ги користиме сите правни мерки и дејства кои ни се на располагање во интерес и заштита на угостителската индустрија. Владата на 15 декември донесе селективни и дискриминирачки измени и дополнувања на Одлуката. Со оглед дека до моментот на закажување на оваа прес-конференција ниту премиерот, ниту некој друг член на Владата не излегоа во пресрет на нашето барање за итна јавна средба отворена за јавноста и учество на медиумите, очигледно Владата си поигрува и ја потценува моќта и општествената улога и влијание на угостителите и угостителските работници кои секојдневно опслужуваат повеќе од половина милион гости во угостителските објекти ширум земјава, наведува претседателот на НУК, Здравко Јосифовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2020 12:20