Офидиофобијата е страв од змии и една од најчестите фобии во светот, од која страда речиси секоја трета личност. Сепак, ова не е пречка за еден салон во Египет да вклучи масажа на змии во својата понуда.
Сопственикот на спа центар во Наср, Египет, неодамна претстави масажа со змии меѓу услугите што ги нуди салонот за убавина.
Физиотерапевтот Сафват Судки користи не-отровни змии од различна големина за овој релаксирачки третман.
Судки тврди дека змиите вршат притисок врз телото, што ја враќа „силата и виталноста“.
„Масажата со змии има неколку придобивки, вклучително и стимулирање на нервите кои активираат ендорфин, но исто така и допамин, познати и како хормони на среќата“, вели физиотерапевтот.
Тој додава дека резултатите од оваа масажа се подобрен проток на крв во телото, отстранување на напнатоста и вознемиреноста и враќање на самодовербата.