Народната банка објави ново видео од серијалот едукативни анимирани видеа „Со Народната банка во светот на финансиите“. Видеото е изработено со поддршка од Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ).

Како што соопшти Народната банка, овој серијал е предвидено да содржи девет видеа и во нив се обработуваат актуелни теми од доменот на финансиите кои ги засегаат сите граѓани како активни субјекти во финансиските текови.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/12/2020 13:56