Фондацијата Метармофозис, преку проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“, ко-финансиран од Европската Унија додели 15 субгрантови преку првиот циклус од грантовата шема за мали грантови ЛОТ 1: Доделување на субгрантови за центри за поддршка на е-Влада.
-Малите грантови се доделени на три граѓански организации од Албанија, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора, кои во наредниот период како дел од мрежата ИЦЕДА, ќе работат на воспоставување и управување со граѓански центри за поддршка на е-Влада каде што ќе им помагаат на целните групи да користат одредени е-услуги кои ги пружаат институциите на локално или национално ниво, и ќе шират дигитална писменост, соопшти фондацијата Метармофозис.
На 18 декември оваа година беше остварена онлајн почетна средба на националната мрежа за застапување ИЦЕДА во Северна Македонија, на која присуствуваа новите членови на мрежата, односно, Рурална Коалиција , Асоцијација за граѓанска толеранција и соработка(АГТИС) и Здружение на граѓани СМАРТ АП – Лабораторија за социјални иновации Скопје. Од Метармофозис информираат дека средбата беше насочена кон вмрежување на грантистите/ членовите на мрежата ИЦЕДА и нивно запознавање со проектот и мрежата ИЦЕДА, и нивното запознавање со правилата на проектно известување и видливост, како и идните чекори за градење на нивните капцитети.