На 21.12.2020 околу 09:00 часот, при преглед на терен во близина на место викано „Негревска крстосница“ и регионален пат Берово-Делчево, на парцела прекриена со отпад, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Пехчево“ пронашле 70 исушени растенија со исушени листови и цветови, за кои постои сомнение дека се работи за насад од растението „канабис“.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипи на Регионалниот центар за гранични работи Исток и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово.

По наредба на јавен обвинител, растенијата биле транспортирани до ОВР Берово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2020 00:12