СВР Охрид поднесе кривична пријава против У.У.(59) од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“.

Тој, како инвеститор и сопственик на куќа на улица „Јане Сандански“ во Охрид, без одобрение за градба изградил доградба на куќата.

По извршен инспекциски надзор од страна на овластен градежен инспектор, изготвено е решение за отстранување на нелегалната доградба.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2020 00:12