Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.12.2020) спроведе акциска контрола за санкционирање на непрописното престигнување, прекршок кој е меѓу најчестите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици.

На територијата на целата држава санкционирани се 110 возачи за непрописно престигнување. Санкционирани се и 252 други прекршоци. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2020 11:55