Полициски службеници од СВР Битола попладнево извршија претрес во дом на Ѓ.Ф. (38) од Битола, при што се пронајдени 2.404 парчиња пиротехнички средства.

За настанот известен е јавен обвинител и по документирање на случајот против Ѓ.Ф., кој е приведен, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР-Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2020 21:33