Одделение за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против С.М.(36) од Прилеп поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
С.М. на 28.10.2020 преку својот фејсбук профил во коментар на друг фејсбук профил објавил фотографија и натпис со навреди односно потикнувал насилство.