Нарушените пазарни врски во земјоделството, воспоставување стабилен систем на храна што функционира во секакви околности и што е во состојба да обезбеди до потрошувачите доволно и квалитетно количество по достапни цени, како и истакнување на улогата и економско јакнење на примарните прозводителите, ќе бидат темите на денешната ЗУМ конференција што ја организира проектот „Институционална поддршка на НФФ“, поддржан од Шведската организација за развој We Effect.

На конференцијата ќе бидат промовирани и „Анализата на информации за финансиски производи достапни за малите фармери во руралните средини”, како и „Анализата за нарушените и прекинати пазарни врски во земјоделството како резултат на корона кризата и препораки за нивно надминување на краток и среден рок ”.

Предидено е присуство на претставници од институции, амбасади, организации и земјоделци од сите региони на Република Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2020 12:10