Утрово во 07:50 часот во село Просениково изгореа две соби и покрив на куќа. Причинета е материјална штета, а повредени нема.

Од Територијалната професионална противпожарна единица во Струмица го потврдија пожарот и информираа дека во гаснењето учествувале две против пожарни возила и седум пожарникари.

По интервенцијата пожарот е изгаснат, а причините за настанувањето се испитуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2020 12:44