За непрописно престигнување во текот на вчерашниот ден санкционирани се120 возачи на територијата на целата држава, а за други прекршоци 226 возачи, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека непрописното престигнување е прекршок кој е меѓу најчестите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици поради што ја спровеле вчерашната акциска контрола за санкционирање на непрописното престигнување и најавуваат дека ќе продолжат со засилените контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.