Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, денеска по преземени мерки и активности по ОА „Петарди“ при претрес во продавница за обувки во Охрид сопственост на И.Ш (46), пронајде и одзеде 13203 парчиња петарди.
Како што соопшти МВР, по комплетирање на доказниот материјал против И.Ш. ќе биде поднесена соодветна пријава.