Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Л.Д.(25) од Виница, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Л.Д. злоупотребувајќи податоци од дебитна картичка сопственост на лице од село Блатец, виничко, во период од 06.01.2020 до 09.06.2020 неовластено извршил 29 плаќања од трансакциската сметка во вкупен износ од 17.921 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2020 02:30