Најпозната интернет страна за следење на сите летови во светот симулираше лет на Дедо Мраз кој тргна „Лапонија“ и ја обиколи цела Европа за на дацета да им однесе пакетчиња.
Летот беше именуван како Дедо Мраз 1“ со регистрација „ХО-ХО-ХО“ и тип на авион „санка“ а леташе многу побрзо од останатите авиони, за да може неколку пати да се врати на Северниот пол, да земе подароци за да ги разнесува на децата.
Во Македонија влезе нешто после 20 часот во југоисточниот дел, ги надлета Струмица, Виница, Берово, Пехчево и Делчево, и го напушти македонскиот воздушен простор упатувајќи се кон Бугарија.