Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.12) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на Општина Центар изречени се вкупно 130 мерки од кои 8 за возење без возачка дозвола, 7 за нерегистрирани возила, 7 за минување на затворен сигнал – црвено светло, 11 за зборување на мобилен телефон.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2020 11:05