Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Центар изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 12 за нерегистрирани возила, 9 санкции за користење мобилен телефон. Изречени се 13 мерки за управување под дејство на алкохол и 23 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.