Тетовската полиција го најде 17-годишното девојче кое беше пријавено од родителот дека се оддалечило од дома на 18 декември. Таа била пронајдена на улица во градот.

-Вчеравечер околу 19 часот и 15 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ја пронашле 17-годишната жителка на тетовскa Палатица, која од нејзиниот татко на 18 декември годинава била пријавена дека се оддалечила од дома, информира СВР Тетово.

Нешто подоцна 17-годишната девојка му е предадена на родителот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2020 13:40