На 26.12.2020 во 11,00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во атар на с.Падалиште,гостиварско на место викано.„Роѓе Исмолит“, од ловџиите А.С.(38) и Ф.И.(38) двајцата од Гостивар, во поток бил пронајден починат М.Р.(71) од с.Падалиште, кој бил пријавен дека се оддалечил од домот на 16.12.2020.

Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид извршиле јавен обвинител и екипа од Полициска станица Гостивар.

Телото на починатиот е пренесено во Медицински центар Гостивар.

Вчера, во 07,00 часот, во СВР Битола било пријавено дека во атар на с.Лева Река,ресенско, кај место викано „Честак“, Д.Ф.(36) од Ресен, и Х.Т.(30) од с.Крушје, отишле на лов, при што во еден момент Д.Ф. испукал еден патрон со кој го погодил Х.Т.. Х.Т. бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош.

На местото на настанот била пронајдена ловечка пушка „Бајкал“ кал.12х70мм.

Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/12/2020 19:07