На предлог на Министерството за финансии на денешната седница Владата го утврди текстот на Предлог законот за системот на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор.

Како што соопштија од Владата, целта на овој предлог закон е дефинирање рамка на современ, соодветен и ефективен систем на внатрешна финансиска контрола во јавниот сектор, кој ги вклучува финансиското управување и контрола, внатрешната ревизија и централната координација и хармонизација, како и зајакнување на внатрешната финансиска контрола преку создавање нов систем на раководна отчетност.

Предлог законот ќе го применуваат сите субјекти од јавниот сектор, вклучувајќи ги и сите правни лица кои директно или индиректно се основани од државата или општините и јавните претпријатија и трговските друштва кои се во мнозинска сопственост на централната власт односно Градот Скопје или една или повеќе единици на локалната самоуправа.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2020 23:41