Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје вечерва на подрачјето на скопски Бит пазар на улица „192“ запленија над 30.000 парчиња пиротехнички средства.
– Во врска со случајот приведени се две лица, информираат од МВР.
По документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.