По неколкуте неуспешни средби со министерот за земјоделие и со премиерот Зоран Заев, тутунарите денеска излегоа на протест пред Владата од каде што побараа одговори за тоа како ќе се решава нивниот проблем.

Од самиот старт на откупот, ние сфативме дека ова е игра. Значи, се земаат квалитетени тутуни во пониски класи, одбитоци од огромни 10 проценти, динамиката е слаба на откуп…ланската година се откупуваа по 1.200.000 кг на ден, а сега по некои 400-500 тони на ден. Затоа ние одлучивме – протест пред Владата за конечно да каже премиерот дали има решение за нашите проблеми или нема – вели Игор Мирчески, од ИО на незадоволните тутунари.

Тој посочи дека биле соочени со уцени и невидени притисоци за да се откажат од денешниот протест, но посочува дека нема да потклекнат.

Македонските тутунари, досега не влегоа во ниту еден пакет-мерки на Владата, заради што бараат барем зголемување на субвенциите, бидејќи како што велат, откупот на тутунот, и покрај досегашните преговори со сите релевантни фактори, вклучително и со премиерот, на територијата на цела Македонија, и понатаму се одвивал по старата шема.

Поддршка на овој протест дадоа и од Здружението на лозари од Тиквешијата.

Тутунарите на протест пред Владата (Галерија)

Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2021 13:09