Во текот на вчерашниот ден, во период од 12:00 до 20:00 часот, на подрачјето на СВР Тетово полицијата спроведе акциска контрола, при што биле откриени и законски санкционирани вкупно 175 возачи, информира Министерството за внатрешни работи.

Од вкупниот број санкционирани возачи, 120 возачи ја пречекориле дозволената брзина на движење – од кои 101 на поширокото тетовско и 19 на гостиварското подрачје. При контрола биле откриени и три други видови прекршоци.

Во текот на вчерашниот ден санкционирани се четири возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, а констатирани се и 48 други видови прекршоци, од кои најмногу за управување без возачка дозвола и возачи почетници.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2021 13:33