Една Италијанка на семејството на своја другарка, за новогодишниот дочек, им подарила торта со марихуана, поради што тие завршиле в болница.

Тоа се случило во Фиренца. Целта била шега, но сѐ лошо се завршило. Имено, брачната двојка и нивната ќерка завршија во болница, интервенирале и карабињерите… Девојката призна дека користела марихуана којашто легално ја купила и ја додала во тортата – „поради шега“.

Откако карабинерите извршиле претрес во куќата на „готвачот“, пронајдени се 5 грама од дрогата.

Девојката ќе биде обвинета за нелегално поседување дрога. А, се соочува и со можна приватна тужба од семејството, на кои им ја понудила тортата, за загрозување на нивното здравје.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/01/2021 14:20