Сто и седумдесет возачи на подрачјето на СВР Куманово се казнети за брзо возење. Од сообраќај се исклучени 30 возачи, од нив 11 возеле под дејство на алкохол, а 19 возеле пред да се стекнат со право за управување на моторни возила, соопшти денеска СВР Куманово.
Кумановската полиција за време на новогодишните празници од 31 декември, па се до вчера, спровела мерки и активности, при што од сообраќај биле исклучени седум возила, бидејќи биле нерегистрирани, санкционирани се тројца возачи поради неправилно престигнување, двајца поради движење во спротивна насока, тројца возачи поради непочитување на сообраќајни знаци.
Во текот на изминатите четири дена издадени се 330 прекршочни платни налози, од кои 152 се за неносење на заштитна маска во време на пандемија, додека 15 возила се подигнати со специјално возило „пајак“ и 21 санкционирани возачи поради непрописно паркирање.
Од СВР Куманово денеска информираа дека во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот за трети и четврти јануари, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 113 лица не ја почитувале, од кои најголем дел во Куманово 77 и по 18 лица во Крива Паланка и Кратово. За лицата кои не носеле маски ќе следуваат соодветни мерки.