Истражување спроведено од фондацијата „Британско срце“ (The British Heart), открива – за колку време на децата им здодева една нова играчка…

Фондацијата испитувањето го спроведе во матичната Велика Британија. Резултатите говорат дека малечкото го губи интересот за играчка за само 36 дена.

„Една петтина од родителите рекле дека нивното дете изгубило интерес по 11 часа игра, додека 8 насто рекле дека на нивните деца им е здодевно од новата играчка за помалку од еден час“, се вели во извештајот.

Податоците покажуваат и дека 28 отсто од родителите честопати фрлаат играчки во совршена состојба.

„Резултатите од истражувањето се под влијание и на новата технологија, како што е таблетот, бидејќи децата минуваат сѐ повеќе време со таблетите, а сѐ поретко си играат со играчки“, се наведува натаму во извештајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/01/2021 14:16