Фотографија како припадници на безбедносните служби повлекуваат пиштоли кон влезна врата во салата на Претставничкиот дом, објави денеска Си-Eн-Eн.

На твитер пак е објавено видео од застрелана жена која стоела пред вратата на Конгресот.

Други слики покажуваат сцени со демонстранти навлезени во салата на Сенатот, еден демонстрант седнат на местото на претседавачот.

Ова денеска се случи веднаш по говорот на претседателот Доналд Трамп во центарот на Вашингтон.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/01/2021 22:30