Вршителот на должност американски државен обвинител Мајкл Шервин најави дека неговата канцеларија ќе ја разгледа можноста за покренување на обвинение против сите кои учествуваа во нападот на Конгресот и оти од тоа нема да биде иземен ниту претседателот Доналд Трамп.

Приврзаниците на Трамп на 6 јануари упаднаа во Конгресот за да спречат верификација на победата на Џо Бајден на претседателските избори.

Во немирите загинаа пет лица, а повредени се голем број луѓе.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/01/2021 10:07